Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, се обиде да објасни што треба да направат челниците на тимот за да ги задржат големите ѕвезди од типот на Пол Погба кој се наоѓа на листата на желби на Реал Мадрид.
„Јунајтед мора да влезе во Лигата на шампионите. Играчите како Пол Погба мора да играат фудбал во елитата. Доколку не го сторат тоа , ќе посакаат да ја променат средината и да заминат во друг клуб“ -изјави Сколс.
„Црвените ѓаволи“ во тековнава сезона во Премиер лигата се наоѓаат на 5. место на табелата со реални шанси да се борат за учество во Лигата на шампионите.