Легендата на англискиот фудбал, Пол Сколс, ја оцени играта на Расмус Хојлунд кој во дресот на Манчестер Јунајтед има серија од 19 натпревари без постигнат гол.
„Не се проблем само головите, тој нема ниту шанси. Мислам дека премногу трча. Понекогаш треба да го направите тоа, но, подобро е само да застанете напред, во центарот “ – рече Сколс.
Интернационалецот од Данска последен пат се запиша во листата на стрелците на 12 декември во 2024 година.

