Легендарниот поранешен фудбалер од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, призна дека е уморен од споредбите меѓу него, Стивен Жерард и Френк Лампард.
Асот на „црвените ѓаволи“ имаше потешкотии да најде место во стартниот состав на Англија поради токму поради конкуренцијата која доаѓаше од средниот ред на Ливерпул и Челзи. На крајот, играчот на Манчестер Јунајтед остана со најмалку мечеви за репрезентацијата споредено со Жерард и Лампард.
„Двајцата беа неверојатни играчи, но, исто така и многу различни. На Френк му беше дозволено да прави што сака, Имаше привилегија да игра со Макелеле. Лампард беше најдобар стрелец меѓу играчите од средината на теренот“ – вели Сколс.