Комисијата за натпревари во Фудбалската федерација на Македонија службено со 3-0 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот Каменица Саса – Скопје од 15. коло во Втора МФЛ. Мечот беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1.
Комисијата донесе одлука и за суспензија на теренот во Македонска Каменица. Одлуките се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад врз претставници на гостинската екипи.
Комисијата за натпревари исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на Башкими поради лоша организација на мечот со Брегалница од 15. коло во Втора МФЛ.

