Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, со поддршка на ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, на Конвенцијата учествуваа претставници од речиси 40 европски земји, што претставува уште една потврда за значењето на овој едукативен настан за развојот на кошарката кај најмладите.

Потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Младен Ѓуроски, упати благодарност до сите клубови кои беа дел од фестивалот и истакна дека без нивната поддршка и учество, настанот немаше да ја има истата вредност и значење. Главната цел на Конвенцијата беше на околу 90 тренери и организатори од европските национални федерации да им понуди современи алатки и методи за успешно воведување на кошарката кај децата на возраст од 5 до 12 години.

Меѓу специјалните гости на Конвенцијата беа и Радмила Тарнер, Терен Булок,, раководител на Фондацијата ФИБА, како и Мирослав Крогулец, потпретседател за спорт и организациски развој за регионот Европа/Евроазија во движењето на Специјалните олимписки игри.


