Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничка, Данела Арсовска, денеска ќе го преземат знамето на ЕОК како симбол за организација на европскиот младински собир.
Тоа ќе се случи на затворањето на годинешното издание во Марибор.Таму ќе биде потпишан договор за соработка меѓу ЕОК и МОК за организација на Европските младински игри, Скопје 2025.
Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни младински олимписки игри.

