Првите луѓе на италијанскиот фудбал одлучија да одложат уште еден меч од Серија „А“ поради опасност од корона-вирусот.
Тоа значи дека по средбите Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло и Верона – Калјари сега е одложен и мечот меѓу Торино и Парма. Вчера беше потврдено дека почина и второ лице заболено од коронавирусот во северниот дел од земјата поточно во регионот Ломбардија.
Денеска на Апенините се игра дуелот Џенова-Лацио и Рома – Лече од 18 часот.