Ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, објави на социјалните мрежи дека ќе го напушти нашиот тим. Интернационалецот од Словенија по две години поминати во „црвено-црниот“ дрес, вели дека секогаш ќе ја памети освоената титула во Лигата на шампионите.
„Јас сум многу горд што го носев дресот на ВАРДАР две години и крајно сум горд на се што направивме во последниот период! Се разбира дека освојувањето на лига на шампиони минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот!
-Би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, навивачи и луѓето кои не поддржуваат во добро и во лошо време! Му посакувам се најдобро на ВАРДАР. Го напуштам Скопје, но, сигурен сум дека нашите патеки повторно ќе се спојат“ – стои во објавата на Скубе.