Пјерлуиџи Колина кој е шеф на судиската комисија на ФИФА, проговори околу употребата на ВАР технологијата.
„ВАР има за цел да ги елиминира грешките кои влијаат на исходот. Мислам дека таа цел е постигната. На крајот на краиштата, судијата треба да одлучи дали офсајдот е активен или пасивен“ – потенцира славниот италијански судија.
„Толкувањето е дел од правилото. Мора да прифатиме дека ќе има различни ставови за ситуацијата. Технологијата помага, но никогаш не може да го замени човекот“ – потенцираше Колина.

