Легендата на Милан, Филипо Инзаги ќе го преземе тимот на Болоња од следната сезона, тврди „Скај Италија“.
Тимот на Болоња се раздели со досегашниот тренер Роберто Донадони, а од клубот веднаш пронајдоа алтернатива во поранешниот напаѓач на „росонерите”.
Во моментов Пипо Инзаги е на чело на второлигашот Венеција, со кој ќе има можност да направи промоција со пласман во фудбалскиот елита на Италија. Раководството на Болоња чека на одговорот на тимот во Серија „Б”, за да го објави назначувањето на Филипо Инзаги на чело на тимот.
Тоа значи дека од следната сезона сигурно ќе гледаме дуел на двајцата браќа Филипо и Симоне Инзаги, кои ќе се соочат еден против друг во дуелите помеѓу Болоња и Лацио.