Пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје овој викенд организира меѓународен пливачки натпревар кој ќе се одржи во базенот на СЦ„Борис Трајковски“.
Нашиот поранешен пливач Томи Стефановски е тренер во овој пливачки луб кој е организатор на овој натпревар кој има за цел да ја покаже формата и квалитетот на нашите млади пливачи во однос на нивните врсници од околните земји.
„Овој викенд во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ ќе одржиме натпревар каде ќе можеме да видиме до каде сме со напредокот на нашите пливачи, едно дружење под маски но натпревар со кој ќе им дадем шанса на пливачите не само да тренираат туку и да се натпреваруваат. На овој пливачки митинг ќе учествуваат пливачи од Србија, Косово и Албанија и нашите клубови кои во декември настапија и на државното првенство, што значи ќе бидат нашите најдобри заедно со странските пливачи. Програмата ќе биде скратена и нема д аима дисциплини со голема должина, но ќе бидат запазени сите протоколи за органзирање на вакви натпреави“ истакна Томи Стефановски во разговор за Спортското радио 90,3 ФМ.
Натпреварите на „Нептун Куп 2021“ ќе се одржат во сабота и недела , 20 и 21 февруари 2021 година во базенот на СЦ „Борис Трајковски“.