Менаџерот на Ливерпул Арне Слот стана првиот тренер на Ливерпул во историјата на Премиер лигата кој победил на првите два натпревари на чело на тимот.
Претходно Холанѓанецот стана првиот тренер на „црвените“ во 21 век кој успеал да слави на дебитантскиот меч во Премиер лигата, откако во 1. коло од Премиер лигата Ливерпул го победи Ипсвич со резултат 2:0, а вчера успеа да слави и на вториот меч со истиот резултат против екипата на Брентфорд.
45-годишниот Слот го презеде Ливерпул оваа сезона. Тој го наследи Јирген Клоп, откако претходно беше главен тренер на Феенорд од летото 2021 година.

