Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, ги негира тврдењата на луѓето од Евертон дека голот на Диого Жота кој им донесе победа на „црвените“ во вчерашното градско дерби бил нерегуларен.
„Евертон е секогаш тежок противник. Не случајно беше во серија од девет натпревари без пораз. Имаат многу добар менаџер и се опасни во контра-напад“ – вели Слот.
„Тоа беше одличен гол според правилата и не гледам како може некој да се жали. На телевизија се покажа дека тоа е чист гол“ – рече тренерот на Ливерпул.

