Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ги пофали своите играчи по натпреварот против Њукасл. „Црвените“ победија со 2:0 и направија голем чекор кон титулата во Премиер лигата.
„Важно е што победивме. Против Сити беше потешко, но, тоа е поинаков натпревар“ – рече Слот.
„Сега по ваква победа играчите заслужуваат комплименти“ – изјави тренерот на „црвените“ кои имаат голема предност во однос на Арсенал во трката за титулата.

