Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, нагласи колку му е важна поддршката од навивачите, по вчерашната победа над Астон Вила од 2:0.
„Поддршката што ја добив повторно е она што го прави овој клуб посебен. Навивачите ми скандираа, беше одлично и навистина ми помогнаа. Кога ние, клубот и тимот, поминувавме низ тежок период, беше тешко и за мене“, рече Слот.
Ливерпул се врати во ТОП 4 на табелата во Премиерлигата со надеж дека серијата лоши резултати остануваат во минатото.

