Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, ќе излезе со најдобриот состав на мечот со Џирона во новата рунда во Лигата на шампионите.
Откако „црвените“ немаа активности на домашен план поради одложување на дербито со Евертон, Холанѓанецот се определи да замине само со само 19 фудбалери во Шпанија.
„Играчите имаа време за одмор и нема причина да ротирам против Џирона. Нашата цел е да завршиме меѓу најдобрите осум и да ја избегнеме плеј-оф фазата“ – нагласи Слот.

