Фудбалерите на Ливерпул со победата против Вулверхемптон се вратија во Топ-4 во Премиер лигата на Англија. Нивниот тренер, Арне Слот, вели дека е задоволен од триумфот.
„Среќен сум затоа што во фудбалот е значаен само резултатот. Во сезонава често игравме добро но, не постигнувавме резултати. Има и позитивни работи што треба да се земат в предвид“ – рече Слот и се насочи кон Флоријан Вирц, кој го постигна првиот гол по доаѓањето на „Енфилд“.
„Тој ќе продолжи и ќе постигне многу повеќе голови за нас. Мислам дека Флоријан направи многу повеќе со тоа што направи и шанси“ – рече Слот.

