Тренерот на Ливерпул, Арне Слот беше воодушевен по драматичната победа од 3:2 на гостувањето кај Саутемптон, но инсистираше на тоа дека неговите играчи мора да останат на земја бидејќи сега имаат осум бода предност пред Манчестер Сити на врвот во Премиер лигата.
Слот победи на десет од нивните 12 натпревари во лигата и само двапати во историјата на Премиер лигата тим со таков рекорд не успеал да ја освои титулата.
„Знаеме што треба да вложиме за да ја освоиме оваа лига. Имаше еден или два натпревари кои беа добиени со голема разлика, но сите други беа со мала разлика. Знаеме колку е тешко да се добие натпревар и овие играчи се подолго од мене во Премиер лигата“, изјави холандскиот тренер на клупата на „црвените“.
„Мислам дека минатата година (сезоната 2022/2023), дури и подоцна во сезоната, Арсенал имаше осум бода повеќе, а Манчестер Сити се врати. Знаете ако одите против Арсенал, Сити, Челзи, Тотенхем исто така беа одлични (победувајќи го Сити со 4:0), сите тие се способни да победат толку многу натпревари по ред. Убаво е да се има оваа позиција, но дефинитивно не сме во облаци“, додаде Слот.

