Иако во првиот дел од сезоната Ливерпул покажа неверојатна форма, а резултатите сосема заслужено го држат на врвот во Премиерлигата, менаџерот Арне Слот се подготвува за овезведување ново освежување во јануарскиот преоден рок. Според информациите од Англија, холандскиот менаџер сака да ја засили позицијата лев бек каде Енди Робертсон се мачи со формата и настапите оваа сезона.
Поради лошата форма на Робертсон и проблемите со подготвеноста на Костас Цимикас, челниците во клубот веќе се во потрага по лев бек. Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, тврди дека кога станува збор за трансфер целите на Ливерпул за претстојниот преоден рок, дефанзивецот на Фулам, Антоан Робинсон е на врвот на листата за „црвените“.
Репрезентативецот на САД оваа сезона покажа дека може да биде одличен во играта во два правци што го прави идеален избор за Слот. Потпишувањето со него во јануари можеби нема да биде лесно за „црвените“ бидејќи Фулам би сакал еден од нивните најдобри играчи да остане во клубот.

