Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува квалификациите за Светското првенство (СП) со гостување кај Казахстан во Астана, а УЕФА ги одреди делителите на правдата.
Словаци ќе бидат на теренот и во ВАР-собата. Главен судија е Филип Глова, а ќе му помагаат Даниел Полачек и Петер Беднар. Четврти судија е Петер Кралович, а во ВАР-собата се наоѓаат Мартин Дохал и Борис Мархефка.
Глова е судија кој оваа сезона судеше мечеви во Лига Европа, ги има шест, а еден судеше во Лигата на нациите помеѓу Велс и Црна Гора.
Словакот ѝ има судено и на Македонија, а тоа е мечот против Англија во Скопје.

