Откако вчера загубија од Хрватска во квалификациите за СП 2022 со 3:0 во Сплит, Словенците ќе го менуваат селекторот. Според шпекулациите во тамошните медиуми, Матјаж Кек е пред смена.
„Дали се плашам од смена? Се плашам само од болести. Вакви работи се случуваат во фудбалот, нема што да се крие”, изјави Кек, кој најави разговори со челниците на Фудбалската федерација на Словенија.
По шест одиграни кола, Словенците имаат седум бода во Х групата, шест помалку од водечкиот тандем, Хрватска – Русија.