Фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ, влезе во историјата како 13-от фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да даде четири голови на еден меч. Тој вчера беше главна ѕвезда во италијанскиот тим кој славеше на теренот на Валенсија со 4:3 по што продолжи во втората елиминациска фаза во елитната конкуренција.
„Не сакам да запрам, сакам да продолжам. Тоа е голема забава. Ние имавме желба барем малку да им дадеме задоволство на нашите“ вели Иличиќ кој имаше блескава ноќ на „Месталја“.
„Жал ми е што немаше гледачи. По мечот во Милано, ние покажавме дека не сме повеќе изненадување. Целта беше да покажеме дека се забавуваме во тоа што го работиме“ – додава Иличиќ.