Словенечкиот судија, Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на саботниот дуел со Украина во Прага. УЕФА ги одреди судиите за престојните квалификациски натпревари, а на Винчиќ ќе му помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Саботниот натпревар меѓу Украина и Македонија се игра во Прага со почеток од 15 часот.