Италијанскиот фудбалски состав Рома објави дека го купила Крис Смолинг од Манчестер Јунајтед за 15 милиони евра.
Црномурестиот играч кој во претходната сезона настапуваше како позајмен во римскиот состав, сега потпиша перманентен договор со „волчицата“ кој ќе биде валиден до 30 јуни во 2023 година.
„Многу сум среќен. Напред Рома“ – напиша Смолинг на социјалните мрежи .

