Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) процени дека нема услови да се одиграат денешните мечеви од 22 коло во прволигашката конкуренција поради обилните снежни врнежи во целава земја.
Затоа е донесена одлука сите средби да се презакажат за в среда од 14 часот. Тогаш ќе играат: Брегалница – Пелистер,Работнички – Шкендија, Ренова – Шкупи, Струга – Македонија ЃП и Академија Пандев – Борец.
Средбата меѓу Тиквеш и Скопје беше одиграна вчера во Кавадарци. Победи домаќинот со 3:0.