Претстојните натпревари на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од шпанскиот шампионат се доведени во прашање поради најавените снежни врнежи, објавија медиумите од Мадрид.
Во сабота, шампионот Реал Мадрид гостуваат кај Осамуна во Памплона, а лидерот го пречекува Атлетик Билбао на „Ванда Метрополитано“. Според временската прогноза, на двете места ќе паѓа снег, иако не се очекува пад на температурите под -3 степени.
Во врска со ова, денес Реал Мадрид веќе се консултираше со претставници на Шпанската фудбалска лига за да открие дали има шанса да се одложи натпреварот, бидејќи стравувањата се дека ќе наврнат 10 см. Снег. Сеуште нема информации што одлучиле двете страни.
Се разгледува опција за натпреварот на Реал Мадрид против Осасуна да се одригра во недела, кога не се очекуваат врнежи од снег.

