Пред 7 години ја започнавме приказната за Форд Фокус со нашето прво искуство зад воланот на ова возило од програмата на Форд, а сега по 7 години имавме можност повторно на истото место, но сега со најновата генерација на Форд Фокус да ја исполниме нашата цел, патување на уште едно големо спортско натпреварување. Пријателството трае веќе 7 години и низ кои имавме можност да го почувствуваме развојот на Форд Фокус низ овие години.
Во 2016 година патот од Скопје до Краков го поминавме со Форд Фокус – Седан, а сега со најновиот модел на истото возило во Hatchback варијанта со 5 врати.

Патувањето на вака долги дестинации секогаш преставува предизвик за патниците,но секако и за оној кој го управува возилото посебно ако треба да се поминат 1500 км.во еден правец,односно над 3000 км.на целото патување.
Нашето патување на СП во ракомет во Полска и Шведска и овој пат му го доверивме на Форд Фокус со кого патуваме на неколку вакви настани.
И овој пат се покажа дека патничкото возило Форд Фокус е одличен избор за удобно возење, но посебно за вакви патувања на долги релации. На располагање имавме возило кое припаѓа на последната генерација на овој модел – Фокус, а опремен со опремата – CONNECTED, тоа доволно говори за удобноста и сите свои квалитети кои Форд Фокус како возило ги нуди за оној кој е зад воланот на овој прекрасен автомобил. Турбо-бензискиот мотор, 1.0 EcoBoost 125 KC (92 kW) со 6-степен мануелен менувач и овој пат се покажа како вистински избор за едно вакво патување, а опремата која ја поседува овој модел едноставно дава уште поголем комфор при патувањето.

Нашата определба и сега беше да во овој момент кога се обрнува многу внимание на потрошувачката на гориво ја видиме истата при едно вакво возење кај овој модел на Форд Фокус. На релација од Скопје до Краков возевме исклучиво по автопат и со брзина од 120 до 130 км/час, а со тоа сакавме да видиме каква ќе биде потрошувачката на гориво (бензин) на отворен пат.
Бројката од 5,1 литар просечна потрошувачка за 3200 км од кои 200 беа градско возење низ Краков е сосема доволен показател за тоа колку можете да имате удомно возење, а тоа да биде крајно економично со овој модел на Форд Фокус.
Она што сакавме да го истакнеме како споредба на досегашното искуство на возењето на Форд Фокус е дека, ако во 2016 година имавме просечна потрошувачка од 6,5 л. на 100км.,минатата година имавме 6л.на 100 км, оваа година таа беше само 5,1 литар.
Богатата опрема која ја поседува Форд Фокус (пакет на опрема – Connected со дополнителните пакети кои ви стојат на располагање) овозможува да уживате во возењето, со користење на навигацијата, темпоматот, двозонската автоматска клима, одличната аудио опрема, како и останатите придобивки кои ги добивате со ова возило кое беше опремено со предни и задни паркинг сензори како и задна камера за паркирање.

Возењето на Форд Фокус на ова патување уште еднаш го потврди нашето мислење дека е вистинско уживање да се седи зад воланот на ова возило, затоа го препорачуваме за оние кои сакаат да имаат одличен автомобил, кој може да го користат за патување на долги дистанци, но и за градско возење, затоа што Форд Фокус е идеален и за двете намени. Во прилог можете да видите што се поседува Форд Фокус – со опрема Connected кое ние го имавме на ова наше патување, а достапно го имате веднаш во МИ-ДА ГРАНД МОТОРС по промотивна цена.
