Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо постигна гол на мечот со Специја за победа на неговата екипа од 3:0 во 25. коло од италијанскиот шампионат, а со тоа дојде до историско достигнување.
Според информациите кои беа објавени веднаш по натпреварот, Кристијано Роналдо е првиот играч кој постигнал над 20 гола во секоја од последните 12 сезони во најдобрите 5 европски лиги.
Во тековната сезона на италијанскиот шампионат, 36-годишниот Португалец има точно 20 постигнати голови и 2 асистенции на 21 средба.
Вкупно, тој помина 30 натпревари оваа сезона, на кои постигна 27 гола и даде 3 асистенции. Да потсетиме, неговиот договор со Јувентус е до 30 јуни 2022 година.

