Тенискиот тренер, Борис Собкин, проговори за проблемите на Новак Ѓоковиќ во тековнава сезона. Србинот има само 12 победи во 19 мечеви и нема триумф на земјена подлога.
„ Колку што стареете, толку e потешко да се натерате да работите. Јужни имаше иста ситуација кога ја завршуваше кариерата. Новак е во добра форма сега “–рече Собкин.
„Тој треба да продолжи да тренира со полн капацитет. Психолошкиот замор се акумулира. Ѓоковиќ не сака целосно да го посвети животот на тенисот“ – рече познатиот тренер.

