Унгарскиот играч за врска, Доминик Собослаи денеска официјално е промовиран како второто ново засилување за Ливерпул во летниот трансфер прозорец. Откако ги договори условите и успешно ги заврши медицинските прегледи, по Алексис Мек Алистер и Собослаи го потврди трансферот во редовите на „црвените“.
Унгарецот пристигнува на „Енфилд“ по две и пол години минати во Бундеслигата во дресот на Лајпциг, каде што забележа 91 настап во сите натпреварувања. 22-годишниот играч за врска ќе го носи дресот со број 8 во редовите на Ливерпул.