Кошаркарската федерација денеска зад затворени врати поради мерките за заштита од Ковид-19, го реализираше годишното собрание.
-Согласно дневниот ред, на редовната седница на која присуствуваа 27 делегати, се „поминаа“ сите предвидени точки. Откако со минута молчење им беше оддадена почест на прерано починатите кошаркарски работници, Собранието ги усвои сите записници од вонредните дописни седници одржани помеѓу оваа седница и онаа изборната во минатата календарска 2019 година. Беше прегледан, и усвоен и финансискиот извештај за изминатата година. Финална точка на дневниот ред беше техничка, промена на седиштето на Федерацијата со промена на член 5 од Статутот на КФСМ односно промена на адреса.“ – соопштија од КФСМ.

