Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Сојузот на спортови ги награди најдобрите
    Домашен микс

    Сојузот на спортови ги награди најдобрите

    dinoBy dino28/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Сојузот на Спортови на град Скопје денеска на посебна свеченост ги награди најдобрите за годинава што изминува. Признанието најдобар спортист заврши кај Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел за освоениот сребрен медал на Олимпијадата во Токио. Неговиот тренер, Др. Борче Костовски , ја доби наградата во таа категорија.

    Во категоријата перспективен млад спортист – кадет за 2021 година награден беше Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје додека за најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје,  признанието го доби Анте Гаџа – АД Ракометен клуб.

    Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост: Андреј Стојановски – “Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“ Два пати четврти и два пати петто место на Светското Првенство во Гливице – Полска во пливање на кратки базени за глуви и наглуви лица . Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон Оваа година успешно го искачи врвот Килиманџаро во Африка 5895 метри, што стана и првиот Македонец како лице со хендикеп (лице со оштетен вид) што го има искачено врвот.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.