Сојузот на Спортови на Скопје денеска ја додели наградата 13 Ноември која традиционално од 1970 година па наваму, ја доделува оваа спортска институција, по повод денот на ослободување на Скопје.
Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот.
Наградата во 2024 година ја добиja:
Дарио Ивановски – Спортист – Атлетика
Игор Јакимовски – Тренер Атлетика
Марјан Угриновски, Професор во Основно училиште Јан Амос Коменски
Мирјана Крстевска – Професор во СУГС Димитар Влахов
Филип Пoповски – Фудбал – Спортски работник
Влатко Неделковски – Декан на ФФОСЗ – Спортски работник
Владимир Радиќ – Ракомет – Животно дело
Ѓорѓи Чадиковски – Атлетика – Животно дело
Ѓоко Хаџиевски – Фудбал – Животно дело
Спортско радио 90.3 – медиум