Сантијаго Солари сега може да се смета за постојан тренер на Реал Мадрид. Весникот „Марка“ објави дека Реал Мадрид испратил до шпанската фудбалска федерација нов потпишан договор со аргентинскиот тренер, според кој тој веќе е постојано предводник на тимот.
Причината е тоа што според правилата тој не може да биде привремен тренер подолго од две недели. Солари беше назначен со идејата да биде на работа додека Реал не најде нов тренер. Таков сепак сеуште нема, а аргентинскиот стручњак забележа 4 победи од 4 натпревари со гол разлика 15: 2, што е најдобар тренерски старт во клупската историја.
По ова што го направи досега тој ја освои довербата на раководството на клубот и ќе го води тимот во наредниот период.