Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, енергично застана во одбрана на капитенот, Серхио Рамос, кој намерно заработи жолт картон на мечот со Ајакс за да може да биде „чист“ за продолжението од сезоната во Лигата на шампионите.
Дефанзивецот на „кралевите“ откако неговиот тим направи предност од 2:1, свесно влезе во бележникот на главниот судија а потоа јавно призна дека новинарите погрешно ја разбрале неговата изјава. Рамос за неговиот потег може да заработи и дополнителна казна од УЕФА.
„Мислам дека Рамос даде објаснување дека морал да направи прекршок за жолт картон. Можеби неговата изјава изгледаше збунувачка, не знам како новинарите ја презентирале. Тој се обиде само да објасни што се случило“ – вели тренерот на „кралевите“.