Тренерот на Реал Мадрид Сантијаго Солари ја презеде одговорноста за поразот со 0:3 од ЦСКА (Москва) во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.
Ова беше најлошиот домашен натпреваи и најубедлив пораз за Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој призна дека не бил задоволен од играта и секако од овој резултат.
„Жалам за овој резултат. Знам дека презедовме некои ризици. Натпреварот можеше да е различен, но сето тоа зависи од силата, а ние не бевме силни во ниеден сегмент од играта. Не ми се допадна втората половина. Јас ја обновувам екипата и не успеав да го направам она што го сакав од неа, особено помладите потфрлија. Ова беше можност да стекнат корисни искуства. Не ми се допаѓа овој резултат. Навивачите беа лути главно поради исходот, знам дека не им се допаднавме како изгледавме на теренот. Не сум го видел гестот на Иско кон публиката. Марсело само што се врати од повредата и треба малку време за да се врати во ритам, сепак на крајот морам да кажам дека јас сум тој кој што ја превзема одговорноста за овој пораз”, изјави Солари.