Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Асенсио, заработил потешка повреда на средбата со Кашима во полу-финалето на Светското клупско првенство и затоа ќе мора да паузира подолг период.
22-годишниот играч од средниот ред влезе во игра во 60. минута на мечот против Јапонците но, по само 15 минути мораше принудно да го напушти теренот. Според објавеното, Асенсио ќе мора да го пропушти финалето против Ал-Аин а потоа и натпреварите во Примера против Виљареал, Бетис, Реал Сосиедад и Севилја.
Асенсио пред да дојде во редовите на „кралевите“ во 2014 година, настапуваше и за екипите на Еспањол и Мајорка.