Според извештаите од Аргентина, челниците на Манчестер Јунајтед се вклучиле во трката за играчот за врска на Ривер Плата, Николас Де Ла Круз.
Репортерот на ТНТ Спорт, Себастијан Срур, ги презентираше најновите вести тврдејќи дека има пет европски клубови кои биле во контакт со 24-годишниот фудбалер во текот на летово.
Тој ги откри имињата на Фиорентина и Манчестер Јунајтед, објаснувајќи дека играчот од средниот ред има трансферна вредност 16 до 20 милиони евра. Англискиот клуб би платил 20 милиони евра за да го купи Николас Де ла Круз

