Фудбалерот на Ајакс, Дони Ван де Бек, ќе го напушти Амстердам и за 45 милиони евра ќе се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми.
Тој и во претходното лето се поврзуваше со трансфер кај „црвените ѓаволи“, но, тоа не се случи иако неколку негови соиграчи добија дозвола да направат трансфер.
Сега одредени извори наведуваат дека бил направен договор и дека Дони ван де Бек сигурно ќе оди на „Олд Трафорд“.

