Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, зборуваше за иднината на играчот од средниот ред, Џеси Лингард.
„Во иднина го гледаме како играч на Манчестер Јунајтед. Тој се врати кај нас по одличната позајмица во Вест Хем. Џеси ги покажа своите квалитети и се врати во составот на Англија. Навистина сакаме да го видиме неговиот најдобар настап оваа сезона. Има уште една година од договорот и клубот е во преговори со него и неговиот татко. Ние го поддржуваме и се надеваме дека ќе остане со нас. Тој е „црвен“ внатре и надвор“, изјави Солскјер за прес-службата на Манчестер Јунајтед.
Ќе потсетиме, Манчестер Јунајтед прими гол во 95. минута на натпреварот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс по лошото додавање на Џеси Лингард кога лошо ја врати токпката кон својата одбрана.