Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, не се согласува со идејата да се направи пауза во јануари во Премиер-лигата откако се зголеми бројот на заразени фудбалери и членови на екипите со ковид-19.
„Не гледам како тоа би било корисно. Кога тогаш ќе ги играме тие мечеви. Сите знаеме дека сезоната е тешка и мислам дека таквиот прекин нема да донесе големи промени “ – изјави Норвежанецот.
Новото масовно тестирање во клубовите на англиската елита, покажа нови 18 случаи со КОВИД-19 што е најголема бројка досега. Мечот Манчестер Сити и Евертон е одложен а денешниот дуел Тотенхем – Фулам е под знак прашалник.

