Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, откако ги пофали фудбалерите за убедливата победа против Саутемптон со 9:0, признава дека е можеби претеран вториот црвен картон на „светците“ покажан на Јан Беднарек.
„Одлуката на судијата кога Саутемптон остана со 9 лица беше чудна. Тоа правило мора да се укине. Кога гостите го добија првиот црвен картон знаев дека е само прашање на време кога ќе го отвориме резултатот “ – вели Солскјер.
„Ентони Марсијал играше одлично и можеше да постигне повеќе голови. Сите беа на ниво. Без разлика дали играта е отворена или затворена, мора да ги користите шансите. Никогаш не знаете кој ќе биде одлучувачки фактор“ – потенцираше норвешкиот тренер.

