Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, застана во одбрана на бекот Арон Ван-Бисака кој беше исклучен на дуелот со Јанг Бојс и на Џеси Лингард кој направи голема грешка за вториот гол на домашниот состав.
„Секој може да погреши. Тоа е дел од играта. Ќе извлечеме поука од поразот во Швајцарија и ќе продолжиме понатаму “ – нагласи Норвежанецот.
Англичаните вчера загубија од Јанг Бојс со 2 спрема1 на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите иако први обезбедија предност со голот на Кристијано Роналдо.