Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера загубија на домашен терен од Ливерпул со 4:2 во заостанат меч од 34 коло во Премиер-лигата а нивниот тренер, Оле Гунар Солскјер, вели дека поразот е заслужен.
„Против силни тимови и добри играчи е неприфатливо да се дозволат така лесни голови, особено во деликатни моменти. Почнавме добро, но, не ја развивавме нашата игра“ – вели Солскјер.
„Кога ќе примите гол на стартот на вториот дел, работите многу се компликуваат. Му дозволивме на противникот да не притисне и направивме премногу грешки “ – нагласи Норвежанецот.

