Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, пред денешниот меч со Арсенал закажан во Премиер лигата, потенцира дека дел од првотимците што го пропуштија гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите полека се враќаат во ритам.
Норвешкиот стратег посочи дека за мечот со „точиите“ ќе ги има на располагање: Марсијал, Матиќ и Погба, но, дека нема да може да ги користи услугите на Андер Ерера кој има фантатстична сезона.
За денешното гостување на „црвените ѓаволи“ во Лондон отпаднаа и: Мата, Санчез, Валенсија, Фил Џонс и Матео Дармијан додека Ерик Бејли е под знак прашалник и се чека одлуката на лекарскиот тим.