Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го оправда поразот од 1:2 од Севиља во полуфиналето на Лига Европа со младоста и неискуството на неговиот тим, како и промашените шанси пред голот на противникот.
„Ако ги искористевме сита наши шанси, ќе победевме убедливо. Нашиот тим е млад. Играчите треба да научат редовно да победуваат. Нивниот голман Боно одигра фантастичен натпревар. Нема од што да се срамиме. Бевме многу добри по продолжението на сезоната. На крај се виде дека противникот веќе нема сили да продолжи и физички и психички“, коментираше Норвежанецот на клупата на Манчестер Јунајтед.