Фудбалерот, Амад Диало, кој изминатата недела му се приклучи на првиот тим на Манчестер Јунајтед, сега ги реалзираше и првите тренинзи со „црвените ѓаволи“.
Тинејџерот пристигна на „Олд Трафорд“ од Аталанта за почетна сума 19 милиони фунти а тренерот, Оле Гунар Солскјаер, веднаш го опиша како еден од перспективните млади играчи.
„Ќе му треба време за да се адаптира, но, ме радува неговата брзина, визија и фантастична можност за дриблинг. Тој е играч кој во наредните години ќе биде многу значаен за Манчестер Јунајтед “ – изјави Солскјер.

