Фудбалскиот состав на Манчестер јунајтед ќе биде без Антони Марсиал и Лук Шо за четвртата рунда во Премиер лигата кога „црвените ѓаволи“ ќе играат со Саутемптон.
Сепак, клубот не објави информација колку долго ќе бидат двајцата отсутни, велејќи дека повеќе детали ќе има стратегот, Оле Гунар Солскјаер, за време на неговата денешна прес-конференција. Шо и Марсиал се здобиле со повреди за време на мечот со Кристал Палас одигран во изминатиот викенд.
Медиумите на островот посочија дека левиот бек ќе отсуствува најмалку еден месец додека сè уште е нејасно колку е сериозна повредата на Французинот.