Хари Мегваер кој за рекордни 93 милиони евра кога станува збор за дефанзивен фудбалер го напушти Лестер и се активираше во Манчестер Јунајтед, вчера беше прогласен за играч на мечот против Челзи.
Најскапот засилување кое во текот на летово пристигна на „Олд Трафорд“, покажа зошто тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер, го планирал уште од месец февруари.
„Воодушевен сум што Хари е наш играч. Тој секогаш беше мојата прва цел. Во февруари кога игравме против Лестер одлучив дека сакам да го имам во тимот. Секогаш е мирен со топката и тоа ни дава нова димензија во играта“ – изјави Норвежанецот на клупата на Манчестер Јунајте со напомена дека тимот сега го има потребниот квалитет за да се бори за титулата во Англија.