Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека Давид де Геа е најдoбриот голман на светот. Шпанскиот чувар на мрежата неодамна одби да потпише нов договор бидејќи не е задоволен од понудените финансики услови со што наметна дилема дали и понатаму ќе остане на „Олд Трафорд“.
„Ние го имаме најдобриот голман кој е многу скромен и полн со самодоверба. Многу сум благодарен на тоа што го имаме“ – вели норвешкиот тренер.
„Во нашите редови ги имаме и Ромеро и Грант што значи дека нашиот голмански состав е одличен. Мораме да бидеме задоволни со тоа што го имаме“ – вели Солскјер пред денешниот меч со Саутемптон во рамките на 29. коло од Премиер лигата.